Обвинета во “ТНТ“ заразена со Ковид-19, судењето се одложи

by fokus

Денешното рочиште за случајот “ТНТ”, односно за уривањето на комплексот Космос, се одложи бидејќи една од обвинетите, Марика Зафировска, се заразила со корона вирусот.

Нејзината адвокатка до судот достави лекарска документација со која се потврдува дека обвинетата е ковид позитивна. Обвинетата добила позитивен тест со денешен датум, а судијата Огнен Ставрев побара до судот да се достави решение за изолација.

Следното рочиште е закажано за 29 март, кога обвинетите ќе треба да дадат одбрана.

Случајот „ТНТ“ се однесува за уривањето на комплексот „Космос“ на инвеститорот Фијат Цановски.

За делото се обвинети повеќе лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на екс премиерот Никола Груевски.

В.В.

Поврзани новости