Обвинет бегал од полицијата со четирицикл и удрил во полициско возило

by Fokus

Полицијата денес уапсила жител на скопското село Грчец кој бил баран со потерница со определена мерка притвор. Тој според информициите од Министерството за внатрешни работи бил со четрицикл, се обидел да избега и удрил во полициското возило

„Денеска околу 11.40 часот полициски службеници од Оперативен Тим и ОКР Ѓорче Петров при СВР Скопје во содејство со САЕ „Тигар“, по претходно добиена оперативна информација, во близина на училиштето во с.Грчец, скопско, го лишија од слобода Иљаз Муареми (45) од с.Грчец, баран со меѓународна потерница“, соопшти МВР.

Според информациите од полицијата тој е баран по наредба на ОЈО за ГОКК, во врска со член 215 од КЗ на РСМ со определена мерка притвор во траење од 30 дена.

„Муареми, кој бил со четирицикл, се обидел да избега и притоа удрил во службено возило на МВР, но набргу бил совладан од полициски службеници и лишен од слобода. При тоа, кај него е пронајден и одземен пиштол „валтер“ и рамка со 15 куршуми. И.М. ќе биде предаден на надлежното обвинителство“, соопшти МВР.

Поврзани новости