Оштетениот во случајот „Тортура“, Лубе Бошкоски, дента на неговото апсење на 6 јуни 2011 година не прифатил да се легитимира на полициските службеници од единицата „Алфа“. Обвинетиот Петар Милошевски, во продолжение на неговата одбрана ја објасни целата постапка како е лишен од слобода Лубе Бошковски.
– Тој ја предизвика нашата интервенција. Иако јасно и гласно дадов наредба “стој, застани полиција”. Додека трчаше до колата „Ланчија“ ни се обрати со вулгарни зборови „не ме местете педери, знам кој ме мести“. Преку возилото фрли една кеса. Пробувавме да го смириме, но Лубе Бошковски, беше во некоја афектна состојба, објасни обвинетиот Петар Милошески, кој наведе дека и при неговото лишување за цело време негов колега држел пиштол во рацето, но во ниту еден момент не го вперил во главата или лицето, изјави Милошевски.
Случајот „Тортура“ го води судијката Александра Ристеска, додека обвинението го застапува јавниот обвинител Љубомир Лапе.
Прв обвинет во овој случај е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој во обвинението поднесено од поранешното СЈО е осомничен за кривично дело „Мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“ од член 142 став 1 в.в. со член 23 од КЗ. За истото кривично дело се осомничени и шест поранешни припадници на единицата „Алфа“.