Обвинението за „Талир 2“ е паушално, смета одбраната на Груевски

by Фокус

Обвинителството во случајот „Талир 2“ во тек на судењето за овој предмет не презентираше никакви докази против првообвинетиот Никола Груевски, смета адвокатот Горан Каркински, кој беше назначен по службена должност да го брани првоообвинетиот Груевски.

Во своите завршни зборови во Основниот кривичен суд-Скопје, тој денеска изјави дека Обвинителството не презентирало ниту еден доказ или сведок, за тоа за што го обвинува Никола Груевски.

-Обвинителот во своите завршни зборови изврши измена на обвинението на кое не ни беше дадена можност за приложување на нови докази заради побивање на нивните тези што секако е повреда на постапката, наведе Каркински.

Според него, обвинителството не посочило докази за своите тврдења, поради што, истакна тој, обвинението целосно е паушално и нереално.

Поврзани новости