Скопското јавно обвинителство поднело обвинение против поранешниот градоначалник на Општина Центар Владимир Тодоровиќ за давање лажен исказ пред суд.
Второобвинета е неговата сопруга за кривично дело попречување на правдата, откако обвинителката Ленче Ристоска кај друг сведок фатила лист на кој обвинетата му напишала што да излаже пред судот, јавува Сакам да кажам.
За делото давање лажен исказ на Тодоровиќ му се заканува казна од минимум 4 години затвор. За попречување на правдата за кое е обвинета неговата сопруга, казната е од една до 5 години затвор.
Тодоровиќ е обвинет за давање лажен исказ во судскиот процес „Талир“, каде Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Илија Димовски, Леко Ристовски и Елизабета Чингаровска се обвинети за незаконско стекнување на пет милиони евра за ВМРО-ДПМНЕ, кои потоа ги испрале преку уплатници со ист ракопис што ги пополнувале во име на партиски членови, без нивно знаење.
Во истрагата, сведокот Тодоровиќ тврдел дека бил викнат во Владата и таму во негово присуство на друг сведок му се заканувале дека мора да искешира десетици илјади евра за партијата. На судскиот процес тој даде различна изјава, дека во една релаксирана атмосфера другиот сведок бил прашан дали има и во рамки на можностите да донира за партијата