1.1K
Основното јавно обвинителство поднесе обвинителен акт до Основниот суд Скопје 1 за насилникот кој ја влечеше за коса актуелната министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска, за време на упадот на демонстранти во Собранието на 27ми април. На обвинетиот му се заканува казна затвор во траење од три до десет години.
„Лицето се товари дека за време на настаните во законодавниот дом извршило грубо насилство, повлекувајќи за коса пратеничка во македонското Собрание. Оштетената во настанот се здобила со тешка телесна повреда“, велат од Основното јавно обвинителство.
Лицето се товари за сторено кривично дело „насилство“.