819
Гостиварското обвинителство поднесе обвинителен предлог против хотел во Маврово и одговорното лице таму, бидејќи не постапувале според здравствените прописи согласно член 206 од Кривичниот законик.
Обвинетиот, како одговорно лице во хотелот, на 6 јуни, спротивно на тогаш важечките прописи и упатства со кои беа определени мерки за спречување и сузбивање на заразна болест, дозволил присуство на гости во угостителскиот објект.