Обвинение за 50-годишник кој со секира нападна новинари во Ѓурѓевиште

by Fokus

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог против 50-годишен жител на селото Ѓурѓевиште во општина Врапчиште, за сторено кривично дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница од член 133 од Кривичниот законик.

Државното јавно обвинителство информира дека обвинетиот на 16 февруари ги забележал двајцата оштетени – новинар и снимател во тетовска телевизија кои снимале прилог за училиштето во селото.

– Тој најпрвин започнал караница со нив, упатувајќи им пцости и погрдни зборови, а потоа зел секира со која почнал кон нив да замавнува. Оштетените веднаш се оддалечиле од местото и настанот го пријавиле во полициска станица.​, информира ЈОРСМ.

Поврзани новости