617
Поднесено е обвинение за жител на дебарското село Могорче поради неовластено држење на оружје, информираат од ОЈО Гостивар.
„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против лице осомничено за кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.2 во врска со ст. 1 од Кривичниот законик.
На 15.09.2017 година, во домот на обвинетиот во дебарското село Могорче било пронајдено полуавтоматско огнено оружје – пиштол марка „Застава“ и рамка со муниција – 6 куршуми со калибар од 6,35мм, кои ги држел неовластено“, додаваат оттаму.