545
Јавното обвинителство поднесе обвинение за проневера против медицинската сестра од Клиниката за онкологија која крадела цитостатици.
„Јавното обвинителство против медицинската сестра поднесе обвинителен предлог за кривично дело – проневера во службата од член 354 од Кривичниот законик. Во текот на претходната постапка, Обвинителството обезбеди докази дека обвинетата, со намера да прибави противправна имотна корист за себе, присвоила поголем број ампули со различна намена во вкупна вредност од 59 760 денари кои ѝ биле доверени во службата. Ампулите ги изнесувала од работното место, а потоа ги оставала во автомобил со намера да ги предаде на друго лице“, велат од ЈО за МИА.
Осомничената не е достапна за органите на прогонот.