610
Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот 65-годишник, револтиран од политички настани, на 15.03.2019 година на својот личен профил на социјалната мрежа Фејсбук објавил пост поврзан со терористичките напади во Нов Зеланд. Со статусот тој повикал на насилство кон граѓаните и имотот на Република Северна Македонија.