ОБСЕ: Властите итно да го пронајдат испраќачот на венецот

by Фокус

Претставничката на ОБСЕ за слободата на медиумите, Дуња Мијатовиќ, ги повика властите да споредедат темелна истрага и што поскоро да го расветлат случајот со смртната закана кон новинарот Борјан Јовановски, кому му беше испратен посмртен венец со натпис „Последен поздрав“.

-Ги повикувам властите да започнат итна и темелна истрага. Години наназад Јовановски беше изложен на закани за неговото критичко известување. Властите треба да покажат дека не може да се помине неказнето за такви дела и треба да почнат со целосна истрага за смртната закана и да ги изведат сторителите пред лицето на правдата, изјави Мијатовиќ.

Таа вели дека овој ужасен чин е дел и од онака кревката ситуација со слободата на медиумите во земјата и испраќа уште една порака дека „критичките гласови треба да бидат замолчени“, а ваквите работи се неприфатливи во едно демократско општество.

 

Поврзани новости