47
ОБСЕ го следи изборниот процес во земјава со повеќе од 300 набљудувачи од 25 држави.
Прелиминарните податоци за текот на изборниот процес ќе бидат објавени утре на прес-конференција во 15:00 часот.
Специјалниот координатор на ОБСЕ, Николоз Самхарадзе им посака успех на гласачите.
„Ќе ги следиме изборите низ државата, во речиси сите големи градови, но и во руралните средини. Прелиминарниот извештај ќе го имаме утре во 15:00 часот кога ќе одржиме прес-конференција. Се надеваме дека изборите ќе бидат мирни, дека ќе се одвиваат според стандардите на ОБСЕ и им посакуваме многу среќа и успех на граѓаните на Македонија во иднина“ изјави Самхарадзе.