714
Претседателството на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) внимателно ја следи состојбата во Белорусија и предлага посета на претседавачите и средба со официјални лица во таа земја, се вели во денешното соопштение на паневропската организација.
„Ја повторуваме нашата загриженост поради начинот на кој се спроведени претседателските избори на 9 август 2020 година, кои Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права не можеше да ги следи, како и непропорционалната употреба на сила против мирни демонстранти, масовни апсења и наводна тортура и малтретирање од страна на безбедносните сили“, се вели во соопштението од ОБСЕ.