537
Постои можност за подобрување на избирачкиот список или да се направи целосно нов пред изборите, вели во интервју за Радио Слободна Европа амбасадорката на ОБСЕ во земјвата Нина Суомалајнен.
– Со добро реорганизирање и ревизија на избирачкиот список каков што е сега и со помош на експерти можно е да се подобри списокот, да се отстранат грешките, да нема дупликати итн – истакнува Суомалајнен.
Таа додава дека исклучително важно е и изборното законодавство, чија промена, споерд неа, не треба да се случи непосредно пред изборите.
– Обично треба да има една година, но секако во некои држави е можно тоа да се оствари и за 6 или 8 – 9 месеци пред изборите – посочи амбсадорската на ОБСЕ.