ОБСЕ: Ние не сме заинтересирани за резултатите од референдумот, туку за процесот

by fokus

Не не интересираат резултатите од референдумот, туку почитувањето на демократските принципи, порача денеска амбасадорот  на ОБСЕ во Македонија, Јан Петерсен.

-Нашата улога е да го набљудуваме референдумскиот процес, да известуваме и да не се мешаме во процесот. Ние ќе го набљудуваме референдумот и ќе ги оцениме заложбите на земјата од 1990 година со Копенхашкиот документ на ОБСЕ како и сите меѓународни стандарди и обврски. Ние не сме заинтересирани за резултатите на референдумот, туку за интегритетот на процесот, изјави Петерсен.

Тим на ОБСЕ/ОДИХР од 13 експерти веќе пристигна во Скопје, а околу 270 набљудувачи на денот на гласањето ќе го следат процесот.

Поврзани новости