576
Не не интересираат резултатите од референдумот, туку почитувањето на демократските принципи, порача денеска амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Јан Петерсен.
-Нашата улога е да го набљудуваме референдумскиот процес, да известуваме и да не се мешаме во процесот. Ние ќе го набљудуваме референдумот и ќе ги оцениме заложбите на земјата од 1990 година со Копенхашкиот документ на ОБСЕ како и сите меѓународни стандарди и обврски. Ние не сме заинтересирани за резултатите на референдумот, туку за интегритетот на процесот, изјави Петерсен.
Тим на ОБСЕ/ОДИХР од 13 експерти веќе пристигна во Скопје, а околу 270 набљудувачи на денот на гласањето ќе го следат процесот.