Турција треба да ги ослободи новинарите од весникот „Џумхуриет“, кои се уапсени под сомнение за поддршка на терористички организации, изјави денеска претставникот на ОБСЕ во Европа, Арлем Дезир.
Поради процесот што денеска започна против 19 новинари на опозицискиот весник „Џумхурует“, Дезир апелира до Турција да ги повлече обвиненијата, да ги ослободи сите новинари, кои се затворени бидејќи ја извршувале својата работа и да иницире неопходни реформи за заштита на слободата на медиумите.
Дезир посочи и дека ОБСЕ одлучно го осудува минатогодишнито обид за државен удар во Турџција и оти ја разбира потребата за борба против тероризмот и заштита на националната безбедност, но оценува дека тоа треба да се прави согласно заштитата на основните слободи, вклучително и слободата на изразување.