Демонстрантите предмалку ја обоија барокната зграда во која се сместени Агенцијата за медиуми и Агенцијата за млади и спорт, што се наоѓа спроти трговскиот центар Рамостор. Додека фрлаа со балони со боја, дојде до мало кошкање со полицискиот кордон кој е поставен пред зградата, но засега нема поголеми инциденти.
Незадоволните граѓани извикуваа „Нема правда, нема мир“, како и „Ова беше парк“. На штитовите на полицајците им беа залепени налепници со срциња во знак на поддршка, како и налепници со тупаница, која е симбол на отпорот.
Инаку, пред да се изгради барокната зграда беа исечени дрвјата и уништен паркот кој се наоѓаше на тоа место. И тогаш имаше граѓани ои се противеа на ова, па со жив штит го бранеа паркот, но едно утро со специјалци таканаречените „Паркобрани“ беа исфрлени од местото, по што беше изградена зградата.