678
Во текот на вчерашниот ден, маж облечен како нинџа нападнал со меч и повредил две припаднички на француската полиција во Шербур.
Инцидентот се случил околу 4 часот попладне, кога полицијата тргнала да го апси мажот поради кражба на автомобил.
Човекот со автомобилот удрил во рекламна табла и застанал во близина на бензинска станица и потоа излегол облечен како нинџа и со катана, јапонски самурајски меч тргнал кон полициските возила.
Прво удрил полицајка по брадата, а друга ја удрил по главата, за подоцна да биде застрелан во стомакот и пренесен во болница.