447
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои на одредени места ќе бидат пообилни и проследени со грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде облачно со повремен дожд и со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 24 степени.
Од утре ќе настапи стабилизација со сончево и значително потопло време, освен во среда кога се очекува локален развој на нестабилна облачност со услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи.