Облачно со сончеви периоди, температурата ќе порасне до 15 степени

by Fokus

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Оттаму велат дека ќе дува слаб до умерен ветер, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец.

„Попладне на места облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за слаби локален дожд, а на планините појава на краткотраен снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени“, соопштија од УХМР.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност

 

Поврзани новости