Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во крајните западни и северни делови ќе има слаби врнежи од дожд, а на планините врнежи слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен, а долж Повардарието од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната од 4 до 12 степени.
Во Скопје и во околината променливо облачно време со услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Во следните три дена времето ќе биде стабилно, во четврток со појава на магла по котлините.
Во петок и сабота ќе дува засилен јужен ветер што ќе предизвика значителен пораст на дневните температури.