532
Времето денес ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, на места пообилни, проследени со појава на грмежи. Според синоптичарите од Управата за хидрометеоролошки работи кон крајот на денот облачноста и врнежите постепено ќе се намалуваат.
Минималните температури ќе се движат од 9 до 17 степени, а максималните од 17 до 26 степени целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд и услови за појава на грмежи.