485
Времето денес ќе биде променливо облачно со повремен дожд. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, со врнежи и над 25 литри на метар квадратен, силен ветер и изолирана појава на град.
Минималните температури ќе се движат од 9 до 17 степени, а максималните од 16 до 27 степени целзиусови.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град.