Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со појава на магла и ниска облачност по котлините во претпладневните часови, а попладне и кон крајот на денот ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи во интервал од еден до осум Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од осум до 17 степени.
Во Скопје се очекува слично време, променливо облачно со повремен дожд во текот на денот и слаб до умерен ветер кој претежно ќе дува од северен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе се искачи до 15 Целзиусови степени.
За време на викендот не очекува облачно и дождливо време, со наместа поројни врнежи. Во недела и ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места, претежно во северните и североисточните делови од земјата, врнежите ќе бидат повремено од снег.