Облачно и топло, од утре дожд

by Fokus

Денеска времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно и релативно топло, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 19 Целзиусови степени, Маврово 17, Охрид 20, Битола 21, Крива Паланка и Кавадарци 20, Берово 22, Дојран 24.

Утре времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието. Дневните температури ќе се движат од 16 до 22 степени.

Поврзани новости