Облачно и студено со снег на планините и дожд на пониските места

by Fokus

Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од снег на планините, а од дожд на пониските места. Попладне ќе почне да дува засилен северен ветер и врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од повисоките места. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни, информираат од УХМР.

Миинималните температури ќе се движат во интервал од -1 до 6 степени, а максималните од 0 до 10 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Во повисоките делови од котлината врнежите попладне ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде 4, а максималната 6 Целзиусови степени.

За утре УХМР најавува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено претпладне.

Поврзани новости