Времето во Македонија денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе почнат од северозападните и северните делови од земјата, а во текот на денот ќе се прошират насекаде. Врнежите локално ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, а наместа ќе наврнат над 20 л/м2. Претпладне ќе дува слаб до умерен јужен, а попладне и кон крајот на денот засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието.
Во Скопје облачно, уште од претпладне со врнежи од дожд, повремено пообилни. Попладне ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Утре времето ќе биде сончево со мала локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Дневните температури ќе се движат од 11 до 18 Целзиусови степени.