Стотици страници незапечатени документи од тужби поврзани со Џефри Епштајн, кој беше обвинет за сексуално злоставување малолетници, се објавени во јавноста. Но, информациите од објавената документација главно и се веќе познати на јавноста.
Тоа е всушност само првиот сет на документи кои ќе бидат отпечатени според судскиот налог од 18 декември. Во наредните недели се очекува да излезат во јавноста и други делови од документацијата.
Како што со денови пишуваат светските медиуми, се очекува во целата документација да бидат споменати околу 200 имиња, меѓу кои и истакнати бизнисмени, политичари и други јавни личности.
Како што заклучува Си-Ен-Ен, се чини дека првите незапечатени документи не содржат некои големи нови откритија за случајот.
Голем дел од информациите содржани во нив веќе се објавени преку медиумски извештаи и други судски постапки. Но, ова е првпат да биде објавена официјална документација снимена во текот на процесот.
Адвокатите на Џилијан Максвел, партнерката на Џефри Епштајн, осуден на 20 години затвор за трговија со луѓе, по објавувањето на овие документи рекоа дека таа сè уште постојано тврди дека е невина.
Документите содржат извадоци од сведочењето на Џилијан Максвел и Вирџинија Робертс Џуфре, која е една од жртвите на Епштајн. Исто така, објавено е и сведочењето на друга жртва, Јохана Сјоберг, која во текот на судењето опишала како принцот Ендру на шега и ги допирал градите за време на фотосесија.
Јавноста веќе беше запознаена со приказната на Јохана Сјоберг, но ова е првпат нејзиното сведочење да биде одлепено.
Сјоберг понекогаш работеше за Епштајн и на суд рече дека тој ја притискал повремено да дава „сексуални масажи“.
Принцот Ендрју и Вирџинија Џуфре претходно постигнаа вонсудска спогодба во нејзината тужба за сексуален напад, според судскиот документ поднесен од нејзините адвокати во вторникот. Ендрју ги отфрли обвинувањата против него.
Транскриптите од сведочењето, исто така, вклучуваат референци за неколку истакнати имиња, како што беше претходно објавено, меѓу кои и принцот Ендрју, како и поранешниот американски претседател Бил Клинтон.
Сјоберг во своето депонирање од 2016 година потсети дека Епштајн му го споменал Клинтон.
„Тој еднаш рече дека на Клинтон им се допаѓаат млади девојки“, рече таа.
На прашањето дали Клинтон му е пријателк на Епштајн, таа рече дека разбира дека Епштајн имал „деловен однос“ со Клинтон.
Портпаролот на Клинтон во 2019 година потврди дека поранешниот претседател летал со приватниот авион на Епштајн, но рече дека Клинтон не знае ништо за „ужасните злосторства“ на Епштајн.
Портпаролот на Клинтон го повтори тоа во средата, за Си-Ен-Ен дека сега поминаа „речиси 20 години откако претседателот Клинтон имал последен контакт со Епштајн“. Клинтон не е обвинет за никакви злосторства или неправилности поврзани со случајот на Епштајн или контакт со него.
Сјоберг изјавила и дека Мајкл Џексон ја посетил куќата на Епштајн во Палм Бич во американската сојузна држава Флорида и дека еднаш го запознала магионичарот Дејвид Коперфилд.
Таа истакна дека никогаш не го масирала Џексон и дека Коперфилд еднаш вечерал кај Епштајн. Како што рекла, добила впечаток дека Коперфилд и Епштајн се пријатели.
Сјоберг рече дека Коперфилд еднаш ја прашал дали знаела дека некои девојки добиле пари за да регрутираат и да најдат повеќе девојки.
Во своето сведочење, Јохана Сјоберг се присети и на времето кога била со Епштајн во еден од неговите авиони и пилотите ги информирале дека мора да слетаат во Атлантик Сити. Тогаш Епштајн им предложи да стапат во контакт со Доналд Трамп.
Многу од жртвите дадоа јавни интервјуа и веќе им се познати на медиумите. Сепак, имињата на некои жртви сè уште се редактирани поради чувствителната природа на кривичното дело.
Во 2019 година, Епштајн беше обвинет дека водел синџир за трговија со луѓе и сексуално злоставувал десетици малолетни девојчиња.
Епштајн изврши самоубиство во затвор додека го чекаше судењето. Обвинителите во Њујорк поднесоа обвиненија против Максвел за трговија со луѓе и сексуална експлоатација. Таа во 2021 година беше осудена на 20 години затвор.