Во Лос Анџелес беа објавени номинациите за 93-тото издание на Оскарите, чија церемонија ќе се одржи во недела вечер на 10 март.
Во категоријата за најдобар филм се натпреваруваат “American fiction”, “Anatomy of Fall”, “Barbie”, “The Holdovers”, “Killers Of The Flower Moon”, “Maestro”, “Oppenheimer”, “Past Lives”, “Poor Things” и “The Zone of Interest”.
За титулата најдобар актер се натпреваруваат Бредли Купер („Maestro“), Колман Доминго („Rustin“), Пол Џамати („The Holdovers“), Силијан Марфи („Oppenheimer“) и Џефри Рајт („American fiction“).
Во конкуренција за титулата за најдобра актерка се борат Анет Бенинг(“Nyad”), Лили Гледстоун (“Killers Of The Flower Moon”), Сандра Хулер (“Anatomy of Fall”), Кери Малиген (“Maestro”) и Ема Стоун (“Poor Things”).
За оскар за најдобар филм надвот од англиско подрачје се борат: „Il Capitano“ (Италија), Perfect Days” (Јапонија), “Society Of The Snow” (Шпанија), “The Teacher’s Lounge” (Германија) и “The Zone of Interest” (Обединетото Кралство).
За најдобар режисер пак се натпреваруваат Џастин Трит („Anatomy of Fall“), Мартин Скорсезе („Killers Of The Flower Moon“), Кристофер Нола („Oppenheimer“), Јоргос Лантимос („Poor Things“) и Џонатан Глејзер („The Zone of Interest“).