Убиецот на Универзитетот во Прага е идентификуван како Дејвид Козак. Првичните информации укажуваат дека тој убил најмалку 11 и повредил 30 лица пред да си го одземе животот.
Напаѓачот на Карловиот универзитет во Прага починал најверојатно со паѓање од покривот, како што изјавил градоначалникот.
Неколку дена пред да одлучи да изврши ваков масакр, напаѓачот споделил вознемирувачки пораки.
„Испив чај и сакам да се убијам“.
„Го мразам овој свет и сакам да предизвикам што повеќе болка во него“, напиша тој на 17 декември, а истиот ден додаде: „Е*ани суштества“.
Два дена подоцна се пожалил дека „ушите му ѕвонат толку многу што ќе ги извади“.
Инаку, престрелката се случила на четвртиот кат во зградата на Филозофскиот факултет на Универзитетот Чарлс.
Во обид да избегаат од пукотниците, некои студенти се качија низ прозорците и седнаа на платформата. Eдна девојка не можела да се дoдржи за раката и паднала, со што станала уште една жртва на нападот.
По пристигнувањето на бројни полициски автомобили на местото на настанот, Козак, според првичните информации, си го одзел животот.