Објавени фотографии од Борисов во спална: А, ако се откриев?

by Frosina Fakova

Фотографија од премиерот на Бугарија, Бојко Борисов како спие гол во спална соба покриен со прекривка, предизвикаа огромно внимание, а Борисов ги обвини противниците дека го напаѓаат со компромитирачки материјали за да го спречат во две важни цели кој треба да се постигнат во јули – влез на Бугарија во банкарската унија и во еврозоната. На фотографиите се гледа и наткасна до него, на која стојат пиштол и банкноти од 500 евра.

-Човек има свој личен простор. Како може да дојдат да ме снимаат? Можеле да ме снимаат и како ‘рчам, ако го правам тоа воопшто. Од каде да знам дали го правам. А, ако се откриев?… Ова ли е демократијата која ја сакавме? Немам ли право да си легнам, да си спијам, а и слатко си спиев, изјавил Борисов.

Тој вели дека не може да знае дали фотографиите се реални бидејќи ако се, тогаш се направени додека спие. Затоа, изјави дека ќе чека да потврди вештачењето.

„Јас сум слободна личност, водам нормален живот. Целта е да нè уништат ментално, а потоа и да не нападнат физички. Загрижен сум затоа што кога спијам, сум беспомошен, рекол Борисов

Тој директно го обвини претседателот Румен Радев дека го следи со дрон кој го добил од Кина.

 

Поврзани новости