Објавена видео снимка од воздух од уништениот Мариупол

by fokus
На социјалните мрежи се појави видео од разурнатиот украински град Мариупол, снимено со дрон.

Видео снимката ја објави Бахти Нишанов, кој работи за Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ).

– Избегнував да ги објавам уништувањата во Украина, но руското уништување на Мариупол мора да биде објавено. Деведесет проценти од градот е исчезнат. Полскиот претседател Дуда вели дека изгледа како Варшава во 1944 година и во право е, напиша Нишанов на Твитер

Поврзани новости