584
Порталот „Кумановски муабети“ ја објави содржината на заканувачката порака со дојава за бомба во Куманово. Таа стигната во девет основни и едно средно училиште во градот.
„Нема да се криеме. Убиства се потребни. Ние ќе убиеме. Потребно е уништување. Ние ќе уништиме. Жал ни е за тоа што невини луѓе мораат да страдаат. Не постои друг начин. Ќе ја срушиме северномакедонската влада. Нашите очи се вперени на премиерот на Северна Македонија и неговата партија. Ќе ги убиеме сите“, се вели во електронската порака.