Јасмина Стојадиновиќ, сопственичката на куќата во која има надзорни камери кои ја снимија улицата каде исчезна Данка Илиќ (2) во разговор за Нова.рс ги открива сите детали за снимката која неодамна беше објавена на социјалните мрежи.
-Се вратив од работа синоќа кога дојде полиција. Бараа да го гледаат видеото, секако дека им дозволив. Го знам тоа семејство, син ми е три години помлад од мајката на детето и ги познавам тие луѓе и со задоволство помогнав на секој начин. Сакам ова да заврши што побрзо и да се најде девојчето. Ова е мирно место и сите се познаваме, мене ми е несфатливо вакво нешто да се случи овде. Сите сме вознемирени. Камерата ја поставив пред околу еден месец само заради безбедноста на мајка ми, рече нашиот соговорник и додаде:
„На видеото се гледа како мајката со деца во автомобил поминува покрај нашата улица во 13 часот и 10 минути. Тогаш во меѓувреме помина и „пунто“ што се гледа на видеото. Подоцна таткото поминал со полиција“.
На социјалните мрежи неодамна се појави снимка од надзорна камера од куќа лоцирана во близина на местото каде исчезна Данка Илиќ вчера, околу 13 часот и 45 минути.
На снимката се гледа како автомобил со голема брзина поминаува околу 13 часот и 47 минути, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, околу 13 часот и 45 минути, како што вели нејзината мајка.
Засега не се знае дали возачот на автомобилот има информации за исчезнувањето на девојчето, или пак го видел девојчето, со оглед на тоа дека времето на нејзиното исчезнување и поминувањето на возилото се поклопуваат.
Ovo je snimak kamere sa komšijske kuće u vreme Dankinog (2) nestanka pic.twitter.com/Thng7AILyV
— larakorft (@larakorft1) March 27, 2024