Објавена прва фотографија од сојот Омикрон

by fokus

Универзитетот во Хонг Конг објави фотографија од сојот омикрон на коронавирусот, добиена со помош на електронски микроскоп.

Научниците од Медицинскиот факултет, вклучително и експерти од областа на патологијата и вирусологијата, успеале да направат микрографија на клетка (Веро Е6) на бубрег на мајмун инфициран со сојот омикрон, се вели во соопштението на научниците.

Како што прецизираат, на фотографијата со мало зголемување се гледа оштетување на клетките со отечени везикули, кои содржат мали црни вирусни честички.

На микрофотографијата со поголемо зголемување се гледаат агрегати на вирусните честички со шилците на коронавирусот на површината.

Претходно беше објавено дека научниците од Катедрата за микробиологија на овој Универзитет успеале да го изолираат сојот омикрон од клинички примероци, што ќе овозможи развој на вакцина против овој нов сој.

Поврзани новости