Македонскиот пасош е рангиран на 40. место според индексот на најмоќни патни исправи во светот за 2025 година на „Хенли енд партнерс“ и со него без визи може да се патува во 129 земји во светот.
Северна Македонија бележи напредок од пет позициии во однос на лани, кога беше позиционирана на 45. место. Од 2018 година, па наваму, овогодишното рангирање на нашиот пасош е највисоко, за разлика од 2021 година, кога се наоѓал на 47. место.
С Македонија го дели 40. место со Црна Гора и со Маршалските Острови.
Од земјите од регионот, најдобро рангиран е грчкиот пасош, кој се наоѓа на шестото место и со него може да се патува во 189 земји, а потоа е словенечкиот, на 10. место (185 земји). Хрватска е на 11. место (184 земји), Бугарија на 15. (178 земји), а Србија е на 34. место (139 земји).
Пасошите на Албанија и Босна и Херцеговина се на 43. место (123 земји). Косово е на 63. место (80 земји).
На врвот на листата на „Хенли енд партнерс“ се сингапурскиот, јапонскиот, финскиот, францускиот, германскиот, италијанскиот, јужнокорејскиот, шпанскиот, австрискиот и данскиот. На дното, пак, се патните исправи на Ирак, Сирија и Авганистан.
.
Најмоќниот пасош во светот го има Сингапур, кој овозможува патување без визи во вкупно 195 од 227 држави и територии низ светот.
Втор е јапонскиот пасош (193 земји), а на третото место се Финска, Франција, Германија, Италија и Јужна Кореја и Шпанија (192). На четврто место Австрија, Данска, Ирска, Луксембург, Холандија, Норвешка и Шведска (191), на петтото место се Белгија, Нов Зеланд, Португалија, Швајцарија и Велика Британија (190).