Обединетите Арапски Емирати се земјата која обезбеди најголема слобода на патување за своите жители, според новиот квартален извештај објавен од лондонската истражувачка компанија за глобално државјанство и престој Henley & Partners. Граѓаните на Емиратите можат да влезат во 130 земји без виза, а со неа во уште 50 земји.
Второто и третото место го делат 10 европски земји – Германија, Франција, Шпанија, Италија, Холандија, Луксембург, Шведска, Финска, Австрија и Швајцарија. Четвртото место го делат Јужна Кореја, Данска, Белгија, Португалија, Полска и Ирска.
САД се на шестото место, заедно со Австралија и Словачка.
Од земјите во регионот, највисоко на листата е Хрватска, на 8-то место, кое го дели со Исланд, Латвија и Лихтенштајн.
Србија го зазеде 32. позиција, Македонија и Црна Гора се на 36. и 37. позиција, додека БиХ е на 44. позиција.
На самото дно на листата се пасошите на Сомалија, Ирак, Авганистан и Сирија.
Индексот за пасоши е еден од неколкуте индекси создадени од финансиските фирми за рангирање на глобалните пасоши според пристапот што им го обезбедуваат на своите граѓани. Опфаќа 227 дестинации за патување. Се ажурира во реално време во текот на годината, кога ќе стапат на сила промените во визната политика.