Според нив, може да се види кои се пејачите кои досега најмногу се офајдиле од субвенциите, за кои во изминатиов период се крена голема фама.
Имено, станува збор за субвенции од по три илјади, па и од 4.500 евра, кои наши музички автори ги добивале со цел да го зголемат квалитетот и да донесат напредок и развој на домашната музичка индустрија. Годишно за оваа намена Министерството за култура одвојуваше по над 500 илјади евра, во рок од четири години.
-Досега, за 4 години завршени се 15 конкурси, од нив по 3 конкурса МРТВ прекина да постапува, а 2 конкурса ги поништи Министерството за култура. Затоа пресметките што ги правам се за 10 спроведени конкурси, 4 во 2014, 4 во 2015, 1 во 2016 и 1 во 2017 – информира Карев.
Од она што може да види, лидер во добивање на субвенции е групата Куку леле, во која членува Роберт Саздов, кој и самиот во неколку наврати бил член во комисијата која одлучувала кој да ги добие субвенциите. Таму тој е заведен по името Робертино Саздов. Според листата на Карев, Куку леле за десет конкурси дури осум пати добила субвенции. Веднаш по Куку Леле, на второ место се наоѓа групата Нели ти реков, со седум пати добиени субвенции.
На листата со имиња кои шест пати добиле државни пари за нивната музика се наоѓаат Александар Ристовски Принц, Ѓоко Танески, Ѓорѓи Крстевски, Елвир Мекиќ, Соната и Катерина Брезева, Водолија, Стевче Ќироски и Сузана Спасовска.
По пет пати субвенции добиле Арија, Грамос Аљији, Душко Георгиевски, Елена Георгиева, и Ирена Спасовска.
По четири пати се наградени Адијан Гаџа, Александра Јанева, Анета Ристова Василева, Горан Наумовски, Даријо Панковски, Дејан Ќурчиев, Зоран Рудан Цеки, Јовица Мицевски, Марјан Стојановски, Мишко Крстевски, Наде Талевска, Силви Бенд и Симона Попоска.
Помеѓу оние кои три пати добиле субвенции се Александар Белов, Благоја Грујовски, Виолета Томовска, Влатко Илиевски, Елена Петреска Толевска, Игор Митровиќ, Ламбе Алабакоски, Лидија Кочовска, Миле Кузмановски, Ристо Самарџиев, Сања Лефкова и Филип Јордановски.
По два пати наградени биле Александар Тарабунов, Андријана Јаневска, Бобан Цаневски, Бојан Стојков, Горазд Чаповски, Димитар Андоновски, Драган Величковски Тајзи, Емил Арсов, Есма Реџепова, Ибуш Ибраимовски, Иле Спасев, Криситијан Габроски, Кристијан Тасевски, Линдон Бериша, Маја Вукичевиќ, Маја Гроздановска Панчева, Момир Николоски, Милица Кузмановска, Мустафа Имери, Наум Петрески, Нино Величковски, Петар Нечовски, Перо Христов, Ристо Вртев, Сара Костадиновска, Симеон Иванов Канго, Теодора Зероска и Христијан Димитриевски.
На листата на оние кои еднаш биле наградени во десетте конкурси обработени од Карев се наоѓаат следните музичари – Авни Аљији, Агим Пошка, Александар Тасевски, Александра Михова, Анастасија Петреска, Анета Мицевска, Анета Накова, Анета Цветковска Малинкова, Арта Мемемди и Бењамин Ајрулахи (група), Бајрам Али, Бетиме Зулали, Беќир Алиу, Блага Петреска, Бојана Атанасовска, Бен хур, Венера Љумани, Вера Јанковиќ, Виктор Апостоловски, Владо Јаневски, Вулнет Ибраими, Ај Кју, Дамјан Лазаров, Дуо Коктел, Душко Темелковски, Елена Велевска, Елена Мирчевска, Илина Лазаревска, Искра Трпева Арсовска, Јасмина Гуњова, Јованка Јакимоска Митревска, Јулијана Николовска, Калина Велковска, Кристина Арнаудова, Лаура Крлиу, Љупчо Чедомирски, Махмут Ферати, Методи Богданов, Мики Јовановски Џафер, Мики Секуловски, Милена Јованоска, Наташа Малинкова, Наташа Мијат Крстевска, Нокаут, Николова Стојна, Нина Јанева, Новица Василевски, Панче Илиев, Перо Цаца, Петруна Димитрова, Рини Даути, Роберт Вукелиќ, Северџан Лачи, Тамара Тодевска, Тања Бојковска, Тефик Ислами, Хрситијан Тодороски Кико, Џемаил Муртиши и Џула Чолаку.
Освен листата со изведувачи, Карев објавил и листа со имињата на членовите на комисијата, но и листа со нивна застапеност, според која рекордери како членови на комисијата се Јошко Бошковски и Лилјана Автовска, кои биле на оваа функција по пет пати. Голем е бројот на членови на комисијата кои и самите биле наградени со субвенции како изведувачи, како на пример Дејан Ќурчиев, Маја Вукичевиќ, Роберт Саздов, Симеон Иванов Канго и други.
Листите направени од страна на Карев може да се видат на неговиот блог http://nemolci.blogspot.mk/2018/01/blog-post_26.html
На вчерашната седница Владата го разгледа Предлог-законот за престанување на важењето на Законот за поддршка на домашната музичка продукција, и донесе заклучок да го достави до Собранието на Република Македонија на натамошна постапка.
Портпаролот Миле Бошњаковски најави дека Владата во наредниот период ќе направи анализа како реално да и помогне на македонската музика.