„Преглед на светска популација“ објави ранг листа на земји со најпаметна популација во 2022 година.
Според ова рангирање, најинтелигентните луѓе живеат во Јапонија, со просечен коефициент на интелигенција од 106,48, потоа следат Тајванците со коефициент 106,47 и Сингапурците со 105,89.
Хонг Конг, Кина, Јужна Кореја, Белорусија, Финска, Лихтенштајн и Германија се меѓу првите десет според коефициентот на интелигенција.
Македонското население се проценува на 81,91 коефициент на интелигенција и сме речиси најслабо рангирани во регионот, рамо до рамо со Алабанија која има просечен коефициент на интелигенција од 81.75.
Србите со коефициент на интелигенција од 89,6 се наоѓаат на 59 место. Од останатите земји од поранешна Југославија, најдобро рангирана е Словенија, која е на 23. место, со коефициент 98,6. Хрватска е на 37 место со просечен коефициент на интелигенција од 95,75. Босна и Херцеговина е на 66 место со 88,54, а Црна Гора на 82 место со просечен коефициент на интелигенција од 85,78 отсто.