Објавен тендерот за изградба на спомен обележје на Тоше Проески

by fokus

Општина Крушево денес го објави тендерот за изградба на спомен обележјето на Тоше Проески. Првиот човек на градот, Томе Христоски изрази задоволство што после години на непреземање ништо конечно ќе биде изградено гробното место.

„Со години не се поместувало ништо за нашиот сограѓанин и поп икона, но еве денес, благодарение на владата, го објавуваме тендерот за изградба на вечното почивалиште со што конечно ќе почнеме да го градиме гробното место на Тоше. Конечно нашиот Тоше ќе има достоинствено спомен обележје“, изјави градоначалникот Христоски за официјалниот сајт на Крушево.

Поврзани новости