Објавен списокот со спорните гласачи

by Фокус

Државната изборна комисија го објави Списокот на гласачи чии податоци се предмет на теренска проверка.

Списокот содржи име, презиме и адреса. Се работи за над 100 илјади неконзистентни записи кои се однесуваат на нешто повеќе од 89 илјади гласачи, што значи дека кај некои гласачи има спорни записи по неколку основи.

- Advertisements -

Најмногу спорни записи има во Чаир, Бутел и Шуто Оризари – 17 илјади записи. Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане има 11 илјади 600 граѓани. Над 6 илјади спорни записи има и во Карпош, Тетово, Центар и Аеродром.

Проверките ги вршат овластените 727 анкетари во сите 80 општини, а нивната работа ја набљудуваат претставници на четирите релевантни партии, на невладините МОСТ  и Синергија, како и  на ОБСЕ.

 

Поврзани новости