Објавен планот на Трамп за мир во Украина

by Fokus

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговиот кандидат за потпретседател претставија план за ставање крај на војната во Украина. Тие предложија модел на замрзнат конфликт, кој ќе вклучува автономни региони од двете страни на демилитаризираната зона, додека Киев ќе остане надвор од НАТО.

Замрзнување на војната Концептот на Трамп ги ревидира договорите од Минск од 2014 и 2015 година кои не успеаја да ги запрат непријателствата во источна Украина.

Еден од советниците на поранешниот претседател изјавил дека тие договори предвидувале зачувување на територијалниот интегритет на Украина преку формирање на автономни зони, но условите никогаш не биле применети или спроведени, пренесува „tportal“.

Според советникот, овој пат ќе се воведат механизми за спроведување на договорот и дефинирање на последиците од прекршувањата.

Сепак, според тој модел, европските сили, а не силите на НАТО или мировните сили на ОН, би го следеле почитувањето на договорот.

Сојузниците на Трамп тврдат дека Украина ја губи војната, што ја прави нивната иницијатива морално исправна.

Трамп смета дека сегашниот претседател на САД, Џо Бајден, треба да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, слично како што американските претседатели разговарале со советските лидери за време на Студената војна.

Членството на Украина во НАТО се смета за неприфатлива опција на краток рок.

Фред Флејц, кој работеше во првата администрација на Трамп, тврди дека членството на Украина во НАТО може да биде исклучено неколку години за да се принуди Русија да преговара.

„Го замрзнуваме конфликтот, „Украина не отстапува ниту една територија, не се откажува од своите територијални барања, а ние преговараме со разбирање дека веројатно нема да има конечен договор додека Путин не ја напушти политичката сцена“, рече тој.

Сепак, малку е веројатно дека овој пристап ќе добие едногласна поддршка во Републиканската партија.

Еден од водечките републикански експерти за национална безбедност во Претставничкиот дом, Мајк Волц, предложи Трамп да ја искористи заканата од економски колапс на Русија преку пониски цени на нафтата и гасот за да го принуди Путин да преговара со Украина.

Саудиска Арабија, клучен сојузник на Трамп за време на неговиот прв мандат, веројатно нема да поддржи таков потег.

Поврзани новости