Објавен оглас за вработување на 125 професионални војници во АРМ

by Fokus

Министерството за одбрана распиша конкурс за вработување на 125 млади војници. Право да аплицираат имаат сите млади луѓе до 25 години со средно образование, кои доброволно биле во војска.

„На овој начин отвораме работни места, даваме шанса за младите и ја зајакнуваме нашата одбрана“, изјави министерката Радмила Шеќеринска.

Шеќеринска најави дека во наредните десетина дена ќе биде распишан и тендер за набавка на нови униформи и чизми за армијата.

Поврзани новости