Објавен нацрт-договор: „Русите се откажуваат од денaцификацијата, Укрина може да влезе во ЕУ“

by Fokus

Русија наводно повеќе не бара „денацификација“ на Украина и е подготвена да му дозволи на Киев да се приклучи на Европската Унија под услов да остане воено неутрална, велат  четворица луѓе запознаени со воените преговори меѓу Русија и Украина кои се очекува да продолжат во вторник, објави Фајнешнл Тајмс.

Според тоа, договорот за прекин на огнот за кој моментално се преговара меѓу Русија и Украина треба да го вклучи и повлекувањето на Украина од членството во НАТО во замена за безбедносни гаранции и изгледите за пристапување во Европската унија. Но, изворите ја откриле оваа информација под услов да останат анонимни бидејќи прашањето сè уште не е конечно договорено.

Нацрт документот за прекин на огнот не содржи никаква дискусија за трите клучни барања на Русија – „денацифификација“, демилитаризација“ и правна заштита на рускиот јазик во Украина.

Поврзани новости