Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во рамки на Министерството за одбрана, денеска го објави Конкурсот за запишување на слушатели на стручно оспособување и усовршување на родот авијација за потребите на Армијата.
– Упатуваме повик до сите граѓани државјани на Република Северна Македонија кои имаат желба да станат воени пилоти и кои имаат завршено прв циклус на студии (стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС) и не се постари од 28 години да ги достават потребните документи најдоцна до 01 август 2019 година во Воената академија, Касарна „Гоце Делчев“ – Скопје, стои во објавениот конкурс.
Потенцијалните кандидати, се прецизира, во процесот на прием и селекција ќе подлежат на проверки на психофизичката способност, познавање на англискиот јазик, проверка – селекција на земја, проверка – селекција во воздух.