Објавен е оглас изградба на новиот клинички центар, изведувачот ќе се бира според квалитет

by Фокус

Министерството за здравство денеска објави оглас за изградба на новиот клинички центар.

Во огласот објавен на Бирото за јавни набавки не е наведена проценета вредност на проектот, туку се наведува дека новиот универзитетски клинички центар ќе се гради на greenfield локација по модел “клуч на рака” со поддршка при менаџирање на проект.

Она што е најбитно, како критериум за доделување на договорот не е најниска цена, туку најдобар сооднос меѓу квалитетот и цената, со тоа што квалитетот носи 70, а цената 30 бода.

Притоа, договорот меѓу Министерството и избраниот понудувач ќе биде во времетраење од 90 месеци, односно 7 и пол години.

Еден од условите при евалуација на кандидатите предвидува минимум годишен вкупен приход во висина од најмалку 250 милиони евра за секоја година поединечно во последните 3 фискални години.

Поврзани новости