523
Mинистерот Венко Филипче на социјалните мрежи го објави бесплатниот телефонски број за информации за коронавирусот: 0800 002 03.
„Од денеска е во функција и call центарот – 0800 002 03 во Здравствениот дом во Скопје со цел да се зголеми капацитетот на телефонските линии, а од понеделник ќе функционираат и двата пункта за земање на брисеви во поликлиниките во Јане Сандански и Чаир, кадешто веќе е распределен стручен кадар“,
Дополнително, од понеделник освен на телефонските линии за информации во Центрите за јавно здравје, во call центарот пациентите ќе можат да се јават и кај матичните лекари за да се закаже земање на материјал во еден од двата пункта. Матичните лекари ќе закажуваат земање брисеви ако се постави индикација кај пациентот за коронавирус според електронскиот алгоритам којшто лекарите ќе го добијат до понеделник.