Обилните врнежи во Скопје поплавија улици и булевари

by fokus

Обилни врнежи од дожд што попладнево го зафатија Скопје поплавија дел од улиците, главно онаму каде нема атмосферска канализација.

Под вода беа повеќе населени места и десетина улици во Ѓорче Петров и околните населби, а поплавени беа и многу маалски улици.

Исто така, големо количество вода го отежна сообраќајот и на главни улици и булевари, а еден од нив беше Александар Македонски.

Според најавите, времето ќе продолжи да биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи.

Поврзани новости